Општина Кисела Вода во селото Драчево почна активности за расчистување на една од најголемите диви депонии, на чие место напролет ќе има зелен парк со садници, патеки за прошетки и урбана опрема.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, граѓаните ќе имаат парк за релаксација и уживање во природата, на површина од 5000 квадратни метри, на местото на депонијата која со години наназад, како што наведува, создаваше грда слика и го загадуваше воздухот.

Општината потсетува дека во близина на паркот кој наскоро ќе биде направен, пред две години во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ е направена голема хортикултурно уредена зелена парковска површина.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 21:17