Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека е започната големата акција за асфалтирање на повеќе од 30 локални улици во Гази Баба.

Во објавата, Стефковски напиша:

Започна голема акција за асфалтирање на над 30 улици во Гази Баба.

Продолжуваат инвестициите во подобрување на патната инфраструктура!

Развојот и подобрувањето на патната инфраструктура насекаде низ општина Гази Баба останува наш врвен приоритет.

Како локална самоуправа и оваа година ќе извршиме асфалтирање на повеќе од 30 улици во Јурумлери, Идризово, Виниче, Булачани, Гоце Делчев, Инџиково, Керамидница, Ченто, Кирил Петрушевски, Хиподром, Раштак и други населени места.

Во изминатите две години извршивме реконструкција и ревитализација на повеќе од 60 локални улици. – напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2024 19:51