Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска го пофали подмладокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) дека не е „ЛГБТ младина“.

Во Истанбул во саботата уапсени се четворица студенти поради уметничко дело, во кое наводно се комбинирани ЛГБТ симболи со фотографија од еден исламски сајт, додека вчера се приведени вкупно 159 луѓе кои протестираа, а околу сто се ослободени.

Хомосексуалноста во Турција е илегална, но официјалното спротивставување на ЛГБТ заедницата е во пораст изминатите години. Парадата на гордоста во Истанбул беше забранувана пет години по ред до 2019 година, а поради пандемијата со Ковид-19 не се одржа во 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 21:27