Овие прекрасни крзнени пријатели го бараат својот иден дом пред да бидат вратени на локацијата од каде се заловени. Веруваме дека со својата единствена природа и мил карактер ќе израдуваат нечие семејство и ќе го исполнат со љубов, хармонија и смеа.

Сите кучиња се комплетно здрави единки и го имаат поминато целиот хуман третман во прифатилиштето на ЈП Лајка. Имаат уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода. Секое куче го добивате со пасош, прочистено од внатрешни и надворешни паразити, стерилизирано/кастрирано, чипирано, вакцинирано од заразни болести, избањата со стекнати хигиенски навики.

За вдомување на куче од прифатилиштето на Лајка и пополнување на прашалник аплицирајте на vdomi@lajka.com.mk.

Да ја поддржиме заедно кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“, да покажеме хуманост и да им подариме топол дом на кучињата каков што вистински заслужуваат.

Секое вдомено куче, значи едно бездомно куче помалку на улица.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 15:42