Без вода денеска ќе биде улица „Пушкинова“ во населба Кисела Вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект на ул. „Пушкинова“ 4 во населба Кисела Вода и ќе трае до санирање на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 23:04