Арсенал ќе поднесе жалба за црвениот картон на дефанзивецот Давид Луиз на вчерашниот меч од 22. коло во Англија против Вулверхемптон (1:2).

Според „Гол“, во таборот на „топџиите“ се уверени дека фудбалерот се обидел да избегне контакт со напаѓачот на „волците“, Вилијан Хозе, во неговиот шеснаесетник во 45+3. минута од средбата. Забележано е дека лондонскиот клуб ја анализирал ситуацијата неколку пати и е пред поднесување протест, бидејќи не верува дека Луиз ги прекршил правилата.

После натпреварот против Вулверхемптон на 2 февруари, главниот тренер на Арсенал, Микел Артета, рече дека ја гледал снимката 10 пати и не видел повреда на правилата од страна на неговиот дефанзивец.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 23:11