Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто, денес потврди дека напаѓачот на тимот, Един Џеко ја загубил капитенската лента.

– Един е силен фудбалер, професионалец со многу искуство. Имавме неколку средби со него и со главниот тренер на тимот, Пауло Фонсека, со цел да изградиме доверба едни во други. Секој е среќен и смирен, сега можеме да работиме за да ги постигнеме заедничките цели. Правилата се правила, така што Един повеќе не е капитен на тимот, изјави Пинто за „Фудбал Италија“.

Претходно беше објавено дека 34-годишниот Џеко ќе ја напушти Рома по завршување на сезоната.

Оваа сезона, напаѓачот одигра 20 натпревари за тимот, постигна осум гола и забележа две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 23:53