Шефот на организацискиот одбор Токио 2020 и екс-премиер на Јапонија, Јоширо Мори јавно се извини за неговите сексистички изјави.

– Моите зборови беа несоодветни, би сакал да ги вратам моите зборови и да им се извинам на сите што навредија, рече Мори.

За време на состанокот на организацискиот комитет на Олимписките игри во 2020 година, Мори посочи дека зголемувањето на бројот на жени во спортските комитети и федерациите доведува до тоа состаноците да траат многу подолго, бидејќи жените зборуваат долго и секоја од нив смета дека е потребно да се каже нешто.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, но поради пандемијата на коронавирус, натпреварот беше одложен за една година.

Сега се закажани за периодот од 23 јули до 8 август 2021 година, додека Параолимписките игри ќе се одржат од 24 август до 5 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2021 12:21