Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази надеж за враќање на напаѓачот Садио Мане на натпреварот од 23. коло на англискиот шампионат против Манчестер сити.

– Да видиме како одат работите со Садио. Тој може да игра следниот викенд, се надевам дека е така, ги цитира „Гол“ зборовите на Клоп.

Мане ги пропушти последните два натпревари во Ливерпул поради проблеми со мускулите. Во сезоната 2020/21, 28-годишниот Сенегалец одигра 28 натпревари, постигна 10 гола и пет асистенции.

Натпреварот Ливерпул – Манчестер сити ќе се одржи в недела на 7 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2021 13:11