Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, најави дека стадионот „Велодром“ ќе биде понуден на продажба, истакнувајќи дека неговото одржување е прескапо за градскиот буџет.

-Би сакал да го продадам стадионот, бидејќи не чини премногу пари. Ќе најдеме начин да дојдеме до заинтересиран купувач во следните месеци или години, изјави Пајан.

„Велодром“ последен пат беше реновиран за Европското првенство во фудбал во 2016 година, а за негова реконструкција беа потрошени 267 милиони евра, од кои половината ги издвои градот Марсеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2021 21:53