Директорот на Институтот за вирологија при Бонската универзитетска клиника, Хендрик Штрек, оцени денеска дека претстојните летни Олимписки игри (ЛОИ) и Европското првенство во фудбал не треба да се одржат
– Како виролог морам да кажам дека тоа не може да се одржи, изјави Штрек, предупредувајќи на последиците поврзани со ширење на коронавирусот од евентуалното одржување на двата големи спортски настани.
Според Штрек, „зелено светло“ за одржување на ЛОИ и ЕП е можно само доколку претходно бидат истражени можните последици поврзани со пандемијата.
– Тоа, меѓутоа, не е истражено. Целата измината година пропуштивме тоа да го направиме, додаде Штрек,
Минатиот месец и неговиот германски колега, вирологот Карл Лаутербах, апелираше УЕФА да се откаже од организација на ЕП што поради пандемијата на коронавирус лани беше одложено за ова лето.
Лаутербах во интервју за германскиот портал „Т-онлајн“, истакна дека епидемиолошката состојба на европскиот континент на почетокот на пролетта уште повеќе ќе се влоши, што одржувањето на ЕП ќе го направи невозможно.