Поранешниот француски репрезентативец и освојувач на Лигата на шампиони со Реал Мадрид, Николас Анелка, е назначен за спортски директор во францускиот четвртолигаш Иерес.

Анелка, мина најголем дел од својата кариера во Премиер лигата, освојувајќи шампионски титули со Арсенал и Челзи.

Во дресот на Франција одигра 69 натпревари, неславно завршувајќи ја репрезентативната кариера кога беше вратен дома за време на Светското првенство во 2010 години поради конфликт со тогашниот селектор Рејмонд Доменеш.

Иерес го објави назначувањето на Анелка на новата должност ден откако клубот од околината на Тулон го презеде францускиот бизнисмен Мурад Будџелал.

Францускиот милионер стана познат во спортската јавност по успехот со рагби тимот на Тулон, трансформирајќи ја екипата од второлигаш до трикратен европски првак.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 00:24