Ракометарите на Вардар се враќаат од Португалија без бодови од дуелот со Порто, а како причина за такво нешто, тренерот Стевче Алушовски ги посочи грешките во офанзивниот дел.

– Добро го почнавме натпреварот, посебно бевме добри во одбрана. Во нападот имавме проблеми, а грешките што ги направивме во последните 15 минути домаќинот знаеше да ги казни и да ги претвори во победа, истакна Алушовски.

По поразот (27:24) во Португалија, Вардар останува на 8. место во А групата со три бода од шест натпревари, еден помалку од ПИК Сегед и Елверум.

Следната недела 2црвено-црните“ ги очекуваат две гостувања. Прво одат во Париз кај ПСЖ, а потоа продолжуваат за Германија каде треба да му гостуваат на Флензбург.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 10:44