Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Марко Цепенков“, „Иван Козарев“, „Томе Томшич“, дел од „Христо Татарчев“, „Христофер Жефаровиќ“, „Роман Каскалиевиќ“ и дел од „Алиа Авдовиќ“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснадувањето на улиците „Марко Цепенков“, „Иван Козарев“, „Томе Томшич“ и дел од „Христо Татарчев“ е поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм.на ул. „Марко Цепенков“ 11 и ќе трае до завршување на дефектот.

Додека, пак, прекинот на водоснабдувањето на улиците „Христофер Жефаровиќ“, „Роман Каскалиевиќ“ и дел од „Алиа Авдовиќ“ е поради дефект на водоводната цевка Ф 1“.на ул. „Христофер Жефаровиќ“ 7/13 и, исто така, ќе трае до завршување на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 11:20