Организаторите на Грен слемот Австралија Опен известија дека сите лица кои биле во контакт со заразениот вработен во хотел во кои престојуваа тенисерите во карантин, имаат негативни тестови.

Вкупно, биле тестирани 507 лица, од кои 160 се играчи.

Претходно, шефот на Австралија опен, Крег Тајли соопшти дека и да се појават позитивни на тестирањето, турнирот нема да биде одложен.

Грен слемот Австралија опен ќе се игра во Мелбурн од 8 до 21 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 13:15