Тимот на Леванте за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, во полуфиналето на шпанскиот фудбалски куп ќе игра со Атлетик Билбао.
Ова е епилогот по денешната ждрепка која го одреди и другиот полуфинален пар, Барселона – Севиља.
Полуфиналето ќе се игра во формат од два натпревари.
Првите натпревари се закажани за 10 февруари, реваншите на 3 март.