Клупските колеги во Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, дефанзивците Калиду Кулибали и Фаузи Гулам, се позитивни на коронавирус, соопшти вечерва италијанскиот фудбалски прволигаш.

Двајцата фудбалери, кои се без симптоми и се наоѓаат во изолација, ќе го пропуштат утрешното гостување кај Џенова во рамки на 21 коло во Серија А.

Кулибали и Гулам се неизвесни и за двата исклучително важни натпревари што Наполи го очекуваат следната недела, в среда против Аталанта во реванш мечот од полуфиналето на италијанскиот куп и првенственото дерби на домашен терен против Јувентус, на 13 февруари.

Наполи веќе подолго време е и без напаѓачот Дрис Мертенс, кој во Белгија закрепнува од повредата на скочниот зглоб.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2021 00:19