Натпреварот меѓу Пари Сен-Жермен (ПСЖ) и Вардар 1961, закажан за 9 февруари во рамки на Лигата на шампиони (ЛШ), е одложен и ќе се игра во друг термин, соопшти вечерва македонскиот ракометен првак.

Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикции воведени од властите во Париз, што предвидуваат задолжителен двонеделен карантин за сите патници надвор од Европската унија.

– Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од Лигата на шампионите во Франција. Европската ракометна федерација и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот, соопшти македонскиот ракометен шампион.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2021 03:12