Со двата гола против неговиот поранешен тим Наполи, Горан Пандев покажа дека е „како старо вино“. Колку е постар толку е подобар. Мајсторот на фудбалската игра, воедно постави и нов рекорд, односно стана најстар фудбалер со 37 години кој во актуелната сезона бележи барем два погодоци и две асистенции во топ 5 лигите во Европа.
Воедно, со двата гола против Наполи, Пандев стигна до бројката од 97 голови во Калчо лигата, што го прави најефикасен стрелец од просторите на поранешна Југославија.