Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец на денешниот меч со Кротоне во 21. коло на италијанскиот шампионат.

Милан победи со 4:0, а Швеѓанецот погоди во 30. и 64. минута.

Ова беа 500-ти и 501-ви гол во кариерата на Ибрахимовиќ на клупско ниво.

Триесет и деветгодишниот Швеѓанец има играно и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2021 23:03