Агенцијата „ВME“, која ги претставува некои од најголемите холивудски sвезди, ја прекина соработката со глумецот Арми Хамер поради контроверзиите околу неговите „еротски“ преписки.

Неодамна на интернет се појавија извадоци, кои во најмала рака, се вознемирувачки. Пораките што тој, наводно, ги испратил, содржат сексуални фантазии за силување, кршење коски и пиење крв. Тој веќе изгуби неколку проекти во кои требаше да глуми. Еден од нив е „Принудна венчавка“, каде што Џенифер Лопез требаше да му прави друштво. Хамер вели дека обвинувањата се лага.

– Не одговарам на вакви г**нарии, но во светло на злобните и лажни напади врз мене, не можам со чиста совест сега да ги оставам моите деца четири месеци за да снимам филм во Доминиканската Република, рече тој во интервју за ТМЗ, во врска со откажувањето од филмскиот проект.

И поранешната сопруга е згрозена од однесувањето на Хамер, оти верува дека пораките се вистинити. Љубопитните истражувачи периодов, следејќи го неговиот профил на Твитер, забеллежале и дека тој со години следи БДСМ-содржини.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 11:17