Нешто под 18.000 луѓе беа на трибините на првиот ден од Австралија опен, што е многу малку во споредба со ланската сезона.

Првиот Грен-слем турнир во новата сезона стартуваше ноќта меѓу неделата и понеделник, а тениските натпревари, како што соопштија организаторите, ги следеле вкупно 17.922 гледачи во три одвоени навивачки зони.

Капацитет за овогодишното издание на Австралија Опен е намален за 50 отсто поради пандемијата на коронавирус. Властите на сојузната држава Викторија дозволија натпреварите на дневно ниво да можат гои следат до 30.000 луѓе

Минатата сезона на натпреварите на првиот ден од грен-слем турнирот во Мелбурн присуствуваа 64.387 гледачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 21:56