Авиокомпанијата „КЛМ“, во соработка со „Шел“ и холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство, го реализираше првиот комерцијален патнички лет со одржлив синтетички керозин.
На патничкиот лет на КЛМ од Амстердам до Мадрид, се користело мешавина од 500 литри одржлив синтетички керозин, произведена од „Шел“ во неговиот центар за развој во Амстердам. Горивото се произведува врз основа на јаглерод диоксид, вода и обновлива енергија од сонцето и ветер. Овој вид гориво гарантира намалување на испуштањата на ЦО2 за повеќе од 85 отсто.
Веста беше објавена вчера на Меѓународната конференција за гориво за синтетички одржливи авиони (САФ) во Хаг, Холандија, на иницијатива на тамошните власти.