Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер е подготвен за натпреварите со унгарскиот претставник Татабања кои утре и во четврток ќе се играат во Битола.

Во пресрет на средбите, тренерот на битолските ракометари Жељко Бабиќ изјави дека Татабања е цврст тим со силен ритам кој го одржуваат во текот на целиот натпревар.

– Ќе биде тешко и за нас и за нив. Ќе беше подобро да имавме поддршка од публиката, но денес е така и предноста на домашниот терен не е изразена. Сепак, полесно е да играме на домашен терен, отколку да патуваме. Секако дека имаме една мала предност, но тоа нема да го одлучи победникот. Татабања е цврст тим, кој има силен ритам 60 минути. Ние треба истото тоа да го работиме, дури и повеќе. Верувам дека ќе дојдат моменти во кои треба да бидеме стрпливи, мудри и храбри за да го решиме натпреварот во наша полза, изјави Бабиќ.

Согласно договорот меѓу двата клуба, двата натпревара во рамки на ракометната ЕХФ лига ќе се играат утре и во четврток во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола и со почеток во 17 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 14:22