Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти, денес во првото коло на Австралија опен ја победи Данка Ковиниќ од Црна Гора со 2-0, по сетови 6:0 и 6:0.
Мечот траеше 44 минути, а австралиската тенисерка загуби само 10 поени без да и препушти на противничката ниту еден гем.
Барти по седми пат во кариерата победува со максимален резултат без изгубен гем.