Ниту вториот обид на организаторите за старт на Светското првенство во алпско скијање не беше успешен, откако маглата не дозволи одржување на денешниот женски супервелеслалом во Кортина д’Ампецо.

Четириесет и четирите натпреварувачки беа на патеката во италијанскиот зимски центар, но по неколкуте одлагања и поместувањето на стартното место, сепак немаше услови за безбедна трка.

Така, по одложената вчерашна комбинација, ниту денес нема трка на Мундијалот.

Доколку условите дозволат, првата трка на СП во Кортина ќе се случи утре во 10 часот за кога е закажан спустот во машката комбинација.

Женскиот супервелеслалом ќе добие нов термин, а многу е веројатно тој да се случи в четврток заедно со машкиот супервелеслалом.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 15:42