Првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа меѓу Бенфика и Арсенал закажан за 18 февруари, наместо во Лисабон ќе биде одигран во Рим, јавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на извори во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Одлуката натпреварот да биде одигран на неутрален терен се должи на ригорозните анти-ковид мерки што се на сила во Велика Британија и предвидуваат задолжителен карантин за сите, кои влегуваат во земјата од Португалија, објави британската телевизија Скај.
УЕФА претходно ги премести натпреарите од Лигата на шампиони меѓу Лајпциг и Ливерпул и Борусија Менхенгладбах и Манчестер сити) да бидат одиграни во Будумпешта, а нова локација е одредена и за мечот од Лига Европа меѓу Молде и Хофенхајм, кои својот прв натпревар ќе го играат во Виљареал.