Македонските ракометарки на денешната жрепка во Виена ги дознаа противниците во групната фаза на ЕХФ-шампионатите во младинска и кадетска конкуренција.

Македонската репрезентација до 19 години е во групата Б заедно со репрезентациите на Холандија, Фарски Острови, Косово и Босна и Херцеговина.

Младинското ЕХФ првенство во женска конкуренција ќе се одржи во Скопје од 10 до 18 јули.

Македонската кадетска репрезентација на шампионатот што од седми до 15 август ќе се одржи во Литванија, е во група со домаќинот и репрезентациите на Шпанија, Финска, Косово и Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2021 23:14