Фудбалерот на Баерн Минхен, Џером Боатенг, ја напушти клупската база во Катар и се врати во Германија поради смртта на својата поранешна девојка Касија Ленхард.
-Џером дојде во мојата соба и побара дозвола да замине дома Го задоволивме неговото барање, изјави денеска тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.
Како што претходно јавија германските медиуми, Боатенг минатата недела ја прекинал врската со 25-годишната манекенка Ленхард, која вчера била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Берлин.
Поради нејзината смрт, Боатенг предвреме ја напушти базата на Баерн во Катар, каде актуелниот европски првак утре од 19 часот го игра финалниот натпревар на Светското клупско првенство против мексиканскиот шампион Тигрес.