Екипата на Велез Сарсфилд отстрани од тимот двајца стандардни фудбалери, откако тие официјално се обвинети за полов напад, соопшти аргентинскиот прволигаш.

Клубот обелодени дека станува збор за 24-годишниот дефанзивец Мигуел Бризуела и играчот за врска Тиаго Алмада (19). И двајцата фудбалери минатата сезона беа стандардни во екипата на тимот од Линиерс, предградие на Буенос Аирес.

-Донесовме одлука да ги отстраниме двајцата играчи од првиот тим сè додека нивниот случај не добие правна разврска, соопшти Велез.

Клубот и понудил на полицијата помош во истрагата, а на двајцата обвинети фудбалери им ставил на располагање помош од психолог.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 00:02