Ракометарите на Еурофарм Пелистер, потешко од очекувањата, го совладаа унгарскиот тим на Татабања со 21:19, полувреме (11:10).

Вечерва во Битола се играше рамноправен натпревар, а во решавачките мигови на сцена беше најновото засилување во домашниот тим, египетскиот репрезентативен голман, Карим Хeндави, кој со успешните одбрани го зачува минималното водство на Еурофарм Пелистер од два голови разлика.

Најефикасни на средбата беа Кушан со 6 голови во тимот на домашните, додека, гостинскиот бек Ѓери постигна 5 голови.

Двомечот од ЕХФ европската ракометна лига меѓу Еурофарм Пелистер – Татабања продолжува утре во 17 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 00:03