Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез периодов се актуелни со наводната негова афера со Медисон Лекрој – ѕвезда од серијата „Јужњачки шарм“ (Southern Charm).

Како што пренесува „Ентертејнмент тунајт“, според неименувани извори блиски до парот, „Родригез ја уверил Лопез дека не направил ништо лошо“, но таа не е баш среќна затоа што привлекле толкаво внимание околу тоа.

– Џенифер не е загрижена и не ѝ е гајле за гласините за Алекс и Медисон. Таа смета дека тоа е само „бучава“ и му верува на Алекс. Таа е толку вљубена во него, вели неименуваниот извор.

Според втор, исто така – „неименуван извор“, на Џеј Ло ѝ пречи тоа што таа и нејзината врска се доведуваат во прашање поради гласините. Алекс претходно потврди дека тие посетувале и терапија во советувалиште за љубовни врски.

– Мислам дека тоа беше навистина корисно за нас во нашата врска, истакна Родригез.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 00:30