Австриецот Винсент Крихмаер го освои попладнево златниот медал во супервелеслалом на Светското првенство во скијање, што по неколкудневно одложување поради лоши временски услови, почна денеска во италијанскиот зимски центар Кортина д’Ампецо.

Водечкиот во Светскиот куп во велеслалом ја оправда фаворитската улога и стигна до своето прво мундијалско злато во кариерата со време од 1:19.41, минувајќи низ целта со предност од седум стотинки пред второпласираниот Австриец, кој настапува под знамето на Германија, Ромед Бауман. Бронзениот медал во супервелеслалом го освои Французинот Алексис Пинтуро со заостанување од 38 стотинки.

Светското првенство во скијање продолжува викендов, со трката во спуст во женска конкуренција,в сабота, и машкиот спуст следниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 22:03