Францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен (ПСЖ) соопшти попладнево дека ќе биде еден месец без услугите на бразилскиот напаѓач Нејмар поради повреда.
ПСЖ вчера како гостин го совлада Каен со 1:0 во францускиот куп, а Бразилецот предвреме го напушти натпреварот поради повреда на адукторот на левата нога.
Поради повредата Нејмар со сигурност ќе го пропушти гостувањето на ПСЖ кај Барселона во вторник, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, но би можел да се врати на теренот за реваншот против каталонскиот клуб, што ќе се игра на „Паркот на принцовите“ на 10 март.