Американскиот бизнисмен Роберт Платек е нов сопственик на Специја, потврди денеска италијанскиот фудбалски прволигаш.

Висината на зделката не е соопштена, а италијанските медиуми објавија дека станува збор за околу 22 милиони евра, додавајќи оти цената може да биде и пониска доколу Специја на крајот од сезоната испадне од Серија А.

– Среќни сме поради тоа што ја купивме Специја Калчо. Серија А е елитно натпреварување и ние веќе некое време баравме шанса за партнерство со италијански клуб, соопшти семејството Платек.

Специја е формирана во 1906 година, а минатото лето за прв пат во клупската историја избори пласман во Серија А.

Екиата од северозападна Италија во моментов е 16-то пласирана во Серија А со шест бодови над зоната за испаѓање/

Со продажбата на семејството Платек, Специја стана петтиот клуб во италијанското првенство во сопственист на америански инвеститори, по Милан, Парма, Фиорентина и Рома.

Во минатото за Специја играа македонскиот Горан Пандев и поранешниот македонски репрезентативец Ацо Стојков.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 22:37