Џез-изведувачот Чик Кореа, кој инаку, е 23-кратен добитник на Греми наградата, почина од редок вид рак откриен неодамна, како што е објавено на неговата официјална Фејсбук страница.

Тој имаше 79 години. Кореа активен во неколку музички жанрови: џез, џез-фузија, авангарден џез, латино џез и прогресивен рок.

Чик Кореа починал во вторникот, на 9 февруари, а тажната вест е објавена синоќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2021 09:54