Вуди Харелсон, кој во 1996 година доби номинација за Оскар за насловната улога во филмот „Народот против Лери Флинт“, досега не се огласи за смртта на порномагнатот, но се знае дека имал огромна почит кон него.

– Навистина ми се допаѓа. Мислам дека немаше многу да се занимавам со филм ако не го почитував Лери. Не го почитувам многу порнографскиот дел од она што тој го работи, туку самиот тој како личност и како бунтовник, вели Харелсон во едно свое претходно интервју.

Глумецот ја заработи својата прва од трите номинации за Оскар за филмот, кој прикажува 35 години од животот на Лери Флинт – од неговото сиромашно детство во Кентаки (САД) до случајот во Врховниот суд, познат како „списанието Хастлер против Фалвел“.

– Никогаш не сум сретнал поискрен човек (од Флинт), кој само го кажува точно она што го чувствува во тој момент. Имавме и сè уште имаме добар однос, рече Харелсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2021 10:54