Прекин во водоснабдувањето денеска од 10.20 часот ќе имаат корисниците лоцирани на улицата „Дренак“ 30 и дел од корисниците од улицата „Драга Стојановска“ во Општина Кисела Вода.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „Дренак“ 30.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2021 10:57