Индиецот Вјасар Ганесан призна дека не знаел многу околу тоа во што се впушта со аудицијата за индиско-американското реално шоу „Индиско спојување“ (Indian Matchmaking) од минатото лето, каде што луѓе од повеќе земји имаат љубовни состаноци, но и дебатираат пред камера за современата љубов и договорениот брак.

– Мислам, тешко е на прв состанок, а пред камера – првиот состанок и без тоа е тежок, очигледно, а посебно ако се одржува во вашата дневна соба, полна со членови на семејството, вели Ганесан.

Ганесан не си ја најде својата „друга половина“ за време на снимањето на ТВ-проектот, но вели дека открил многу новости за љубовта, врските и сопствените очекувања притоа.

– Јас сум им навистина благодарен на луѓето со кои излегов. Начинот на којшто сега го гледам сѐ тоа е – имав шанса да пробам нешто ново. Мислам дека најголемото нешто што треба да се запомни е дека иако не секој Индиец треба да користи стројник, целата поента на овој процес беше – да ја славиме нашата способност за избор, да ја славиме нашата желба и можноста да кажеме да или не, вели Ганесан.

Пред Денот на вљубените в недела, тој открива неколку тајни за тоа – како да се најде љубовта во време на пандемија.

– Состаноците за време на пандемија се незгодни сами по себе, бидејќи сè треба да се одвива преку „Зум“. Тоа е предизвик затоа што треба да се снајдете околу прашањата како на пример: која соба во куќата е најудобна ако треба да седам подолго време; дали ми е пријатно во мојата канцеларија, како и што носам? Тоа самото по себе беше чудно, вели ергенот.

Сепак, тој најпосле призна дека, делумно благодарение и на шоуто, си нашол девојка.

– Тогаш, знаете, една работа води кон друга и некако врската се издигна на потребното ниво. Сега имаме „Зум“ состаноци секоја недела и среда. Тоа е одлично!, раскажува Ганесан.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2021 12:06