Глумецот Шаја Лабјуф, по тужбата покрената против него од страна на поранешната девојка, ги отфрли сите наводи во обвинението, нагласи неговиот адвокат Шон Холи.

Пејачката Талија Барнет, попозната како ФКА Твигс, го обвинува глумецот за напад, сексуална и психичка злоупотреба и насилни односи во врската. Според тужбата, несаканите настани опфаќаат периоди од 2018 и 2019 година. Eдeн oд нив е и наводна закана од негова страна за намерен судир со возилото в пустина.

Одговорот на Лабјуф на тужбата е доставен до судот минатата седмица.

Глумецот веќе еден месец е под режим и третмани за справување со нетрпеливоста.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2021 13:05