Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров е назначен за нов селектор на националниот тим, објави денеска Ракометната федерација на Македонија.

– Ве известуваме дека на денешната прес-конференција одржана онлајн, претседателот на Ракометната Федерација на Македонија г-динот Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната седница на Управниот Одбор на РФМ на ден 12.02.2021 година, членовите на Управниот Одбор на РФМ едногласно го усвоија предлогот за назначување на г-динот Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација, стои во известувањето на РФМ.

На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати г-динот Кирил Лазаров, кој се заблагодари на доверената подршка од страна на РФМ и ги информираше претставниците на медиумите дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб.

Лазаров на селекторското место го наследува Данило Брестовац кој доби отказ по неодамнешното Светско првенство во Египет.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2021 13:48