Швајцарката Корин Зутер е победничка на денешниот спуст на Мундијалот во алспко скијање што се одржува во Кортина Д’Ампецо, Италија.
Зутер до златото стигна со време 1:34,27 минута. Таа на својата земја и го донесе вториот златен медал, откако на супервелеслаломот пред два дена триумфираше Лар Гут Бехрами.
Второто место и среброто во најбрзата алпска дисциплина и припадна на Кира Вајдл од Германија која заостана 20 стоти делови од секундата зад победничката.
Бронзениот медал отиде кај Гут Бехрами која доцнеше 37 стотинки зад Зутер.
Следна трка на Светскиот шампионат во Кортина д’Ампецо е машкиот спуст закажан за утре во 11 часот.