Трофејниот американски скијач Тед Лигерти одлучи малку порано од планираното да ја заврши својата кариера поради повреда на грбот.
Лигерти (36), кој претходно освои пет светски и две олимписки титули, планираше да ја заврши кариерата со настап во својата омилена дисциплина велеслалом на Светското првенство во Кортина д“ Ампецо што ќе се вози идната недела.
– Го имам најсилниот ишијас во животот. Не знам што го активираше. Магнетната резонанца покажа изместување на два диска и со сигурност не можам да скијам. Бев возбуден поради фактот дека можев да кажам збогум под сопствени услови. За жал, не било судено, мојот грб ми испрати порака дека тој е газда, изјави Лигерти.