Седмиот тенисер на светот Александар Зверев со максимални 3:0 го совлада Душан Лајониќ, обезбедувајќи пласман во четвртфиналето на Австралија Опен во кое ќе игра против подобриот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Григор Димитров со максимални 3:0 (6:4, 6:4, 6:0) против Доминик Тим, а негов следен противник ќе биде Аслан Карачев, кој во пет сета (3:6, 1:6, 6:3, 6;3, 6:4) беше подобар од Феликс Оже-Алијасим.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2021 14:12