Австриецот Винсент Крихмаер, кој во четвртокот триумфираше во супервелеслалом, денеска го освои вториот златен медал на Светското првенство во алпско скијање , триумфирајќи во трката во спуст со само една стотинка предност пред Германецот Андреас Сандер.
Кирихмаер, ја извозе патеката во Кортина д”Ампецосо време од 1:39.79, додека Сандерс мина низ целта со време од 1:37.80. Третото место и бронзениот медал го освои Швајцарецот Беат Фојц, кој заостана зад Крихмаер 18 стотинки.
Со двете златни медали во спуст и супервелеслалом, Австриецот Крихмаер се израмни со сонародник Херман Маер (1999 година) и Американецот Боде Милер (2005 година).