Кениската атлетичарка Беатрис Чепкоеч, во чија сопственост веќе е најдоброто време на 3.000 метри со пречки, го „присвои“ денеска и светскиот рекорд на 5 километри, истрчувајќи ја делницата на уличната трка во Монако со време од 14 минути и 43 секунди.
Остварувањето на 29-годишната Чепкоеч е за пет секунди подобро од рекордот што во 2018 година го постави нејзината сонародничка Каролин Кипкируи, а го подобри и најдоброто време на уличната патека во Монако на Холанѓанката Сифан Хасан од 2019 година (14:44).
Во машка конкуренција, светскиот рекордер Џошуа Чептегеј од Уганда триумфираш со време од 13:13, што е послабо од неговото најдобро време од минатата година во Монако (12:51).