Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од улица „Ѓорѓи Капчев”, дел од улицата „Тодор Чангов” и улица „Горно Лисиче”.
ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Ѓорѓи Капчев” 19/1.
Корисниците ќе бидат без вода од 10:15 часот се до завршување на активностите.