Првите луѓе на општините Аеродром и Палилула од Ниш почнаа постапка на збратимување и отворање нови можности за развој на европскиот пат, информираат од Општина Аеродром.

Оттаму велат дека за врема на дводневната посета, градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, остварил низа средби со претседателот на Градската општина Палила, Братислав Вучковиќ, на кои биле договорени идните активности за соработка и збратимување.

Планот, како што е наведено во соопштението, вклучува заедничка соработка на европските фондови за решавање на еколошките проблеми, размена на искуства во работењето на владите за да се постигне европската агенда.

Од општина Аеродром посочуваат дека градоначалникот Марин на средбите ја претставил четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Платформата вклучува дваесетина европски развојни проекти за чиста животна средина, подобар урбан живот и развој на руралните делови од руралните области на општината.

Како што стои во соопштението, делегацијата на општина Аеродром остварила и средба со Здружението на Македонци „Вардар“ во Ниш, на која разговарале за можностите за потенцијална соработка со матичната држава. Исто така, била предложена соработка на специјалното училиште „Бубањ“ од Палилула со институција од ист карактер во Скопје, а во пресрет на Денот на државноста на Србија, присуствувале и на комеморативната средба во чест на жртвите од логорот во Втората светска војна во местото Црвен крст. Делегацијата, во рамките на средбите, присуствувала и на промоција на книга од проф. д-р Александар Симиќ во Центарот за култура во Ниш.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2021 14:25