Десеттиот рекет на светот Матео Беретини на прес-конференција ја образложи неговата одлука да се повлече од Австралија опен.

Денешната прес-конференцијата започна со прашање од модераторот: „Матео, кажи ни за натпреварот и како се чувствуваш на теренот“.

Италијанецот се смееше и одговори:

– Имам проблем со стомачните мускули. Зборував со докторот и ми рече дека може да се влоши. Тимот и јас одлучивме дека не вреди да се ризикува. Се повредив на претходниот натпревар со Качанов. И се покажа дека повредата е посериозна отколку што мислев, информира италијанскиот тенисер.

Тој требаше претпладнево да се сретне со Стефанос Циципас во последното осминафинале на Австралија опен.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2021 15:01