Австриецот Марко Шварц ја освои денеска титулата во алпска комбинација на Светското првенство во скијање што се одржува во италијанскиот зимски центар Кортина д “Ампецо.

Шварц (25) до својата прва светска титула во кариерата стигна со најдобро возење во слалом, дисциплината во која е доминантен во Светскиот куп.

-Супервелеслаломот беше многу интересен и заврши подобро отколку што се надевав, додека на замрзнатата патека во слаломот одлучуваа стотинки меѓу мене и Алексис, изјави Шварц по триумфот.

Со само четири стотинки заостанување, сребрениот медал му припадна на Французинот Алексис Пинтуро, додека бронзата ја освои Швајцарецот Лиок Меилард, со една секунда и 12 стотинки зад Шварц.

Пинтуро по второто место во супервелеслаломот беше на најдобар пат да го одбрани златото во алпска комбинација, но, сепак, беше недоволно брз во слаломската трка и на крајот мораше да се задоволи со сребрениот и негов вкупно петти медал на светските првенства.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2021 22:24